
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ги живее можеби најтешките денови од формирањето. На работ од бездната, соочен со испаѓање од елитата, се уште се кршат копјата околу тоа како да се спаси спортскиот симбол на Скопје и на Македонија од пропаст.
Испаѓањето во второлигашка конкуренција и не е најлошото, туку фактот дека повеќе од една година не може да се изнајде решение за финансиските проблеми со кои се соочува клубот. Мнозинскиот сопственик Сергеј Самсоненко сака да го врати клубот на Град Скопје, но градоначалникот Петре Шилегов вели дека досега не е понудено решение со гаранција дека ќе бидат покриени долговите кои во моментов изнесуваат околу 3,5 милиони евра.
„Не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра. Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да ги покрие долговите. Се додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, Град Скопје нема да го земе Вардар назад“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Во меѓувреме, Вардар е на две кола до испаѓање од елитата. Веќе не зависи сам од себе, а играчкиот фонд и така не гарантира дека може да се спаси од најлошото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
