Connect with us

Шенол Ѓунеш веќе не е селектор на Турција

Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) објави дека ја прекинува соработката со актуелниот селектор на А репрезентацијата, 69-годишниот Шенол Ѓунеш.


„По разговорите со селекторот на репрезентацијата Шенол Ѓунеш, договорено е прекинување на соработката. Би сакале да му се заблагодариме на нашиот ценет стручњак кој донесе голем успех за нашата земја, за целата негова работа и придонес во турскиот фудбал и му посакуваме добро здравје и успех во иднина“, велат од Фудбалската федерација на Турција.

Искусниот тренер постојано беше цел на критики поради слабите резултати на Европското првенство 2020 година и во квалификациите за СП 2022 година. Селектор на Турција беше во два наврати, и ја предводеше репрезентацијата во 82 натпревари, во кои постигна 38 победи, 23 нерешени и 21 пораз.

Во својот прв мандат, кој траеше од 2000 до 2004 година, Ѓунеш ја предводеше Турција до најголемиот успех во историјата, третото место на Светското првенство 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја. Тој водеше многу турски клубови, а најмногу се истакна во Трабзонспор и во Бешикташ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови