Лидерот Шкупи ремизираше без голови на гостувањето против Ренова во Тетово. Левиот бек Блертон Шеји вели дека тимот од Чаир можел да има и многу поубедливо издание против „гипсарите“.
„Тоа беше тежок натпревар кој бараше големо внимание и физичка посветеност. Верувам дека имаше простор да играме подобро, да создаваме повеќе шанси и да бидеме попрецизни пред голот. Сепак, мораме да се согласиме дека резултатот е реален и да се фокусираме на следниот натпревар“, изјави Шеји.
Шкупи е лидер на табелата со освоени 52 бода, десет повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев.
Следниот натпревар Шкупи ќе го има против Работнички в недела на Чаир, со што почнува и третиот решавачки круг од првенството.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













