По победата против Академија Пандев во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига, фудбалерите на Ренова комплетно се фокусирани на настапот во квалификациите од Лигата на Европа.
Во четврток од 18 часот „гипсарите“ гостуваат во Ерменија против Алашкерт водени од желбата за квалитетен натпревар и изненадување против фаворизираните Ерменци.
„Натпреварите во Лига Европа се интересени и атрактивни за секој фудбалер. Мислам дека и ние како екипа максимално сме подготвени за овој меч. Владее позитивна атмосфера во тимот, па во Ерменија одиме по добар резултат“ – вели Шефит Шефити пред заминувањето за Ерменија.
Ренова досега во својата клупска историја има само еден пласман во втората рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа, во сезоната 2012/2013 кога во 2. коло беше елиминирана од белорускиот Гомел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













