
Актуелниот првак Шкендија доживеа втор пораз и се наоѓа на последната позиција на табелата без ниту еден освоен бод по второто коло од новата сезона. Шкендија со пораз го напушти и Кратово. Силекс славеше со 1-0, со прекрасниот погодок на Филип Дурански во 48.минута.
Вардар одигра без голови на гостувањето во Велес против новиот прволигаш Борец. Велешани издржаа и со играч помалку во финишот, по исклучувањето на Филип Петров во 75.минута од средбата.
Ренова славеше против Струга Трим Лум со 2-1. Ремзифаик Селмани во 30.минута ги доведе домаќините во водство, Дејан Цветаноски израмни на почетокот на вториот дел, но Ренова сепак стигна до триумф.
Нововлезениот Адеми во 87.минута успеа да погоди за втора победа на Ренова, максимален ефект и прво место на табелата.
Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев во „реприза“ на минатогодишното финале во Купот, ремизираа без голови. И двете екипи сега имаат по четири бода, по победите во воведното коло.
ПРВА ЛИГА, ВТОРО КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БОРЕЦ – ВАРДАР 0-0
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-0
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-0
Табела: Ренова 6, Македонија ЃП 4, Академија Пандев 4, Работнички 3, Струга ТЛ 3, Шкупи 3, Силекс 3, Вардар 1, Борец 1, Шкендија 0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
