Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се уште не знае каде ќе настапува следната сезона. Откако му истече позајмицата во Шалке 04, тој се враќа во Штутгарт каде е обврзан според договорот.
Сепак, најверојатно таму нема да остане ни следната сезона со оглед дека Шалке е заинтересиран повторно да го позајми. Иако имаше најави дека тимот од Гелзенкирхен е подготвен да го откупи неговиот договор, а Штутгарт побара 3 милиони евра, сега раководството на Шалке повторно е насочено кон позајмица на македонскиот репрезентативец.
Чурлинов вечерва секако е фокусиран на настапот за фудбалската репрезентација на Македонија на дуелот против Грузија, во третото коло од Лигата на нации.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski