Mакедонскиот првак Шкендија утревечер (20 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека ерменскиот Аратат и ќе го почне патот во Конференциската лига на УЕФА. Шефот Артим Шаќири и капитенот Егзон Бејтулаи се надеваат дека ќе биде долг и успешен, како некогаш, пред неколку години, за тетовскиот тим.

„Мислам дека сме добро подготвени. Го анализиравме противникот и можеби на хартија сме фаворити, но тоа треба да го покажеме на теренот. Секако не го потценуваме ривалот, но и нема да го прецениме Арарат“, изјави Артим Шаќири.
Капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи, истакна дека тој и соиграчите сакаат да повторат едно успешно лето од пред неколку сезони.

„Имавме две неуспешни години во Европа, но тоа е сега зад нас. Подготвени сме пак да донесеме звучни тимови во Скопје, како што беше во минатото. Атмосферата во екипата е одлична и одиме на победа“, истакна Бејтулаи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













