Connect with us

Шахтјор Доњецк ќе игра пријателски мечеви ширум Европа, а приходот ќе биде наменет за украинскиот народ

Спортскиот директор на Шахтјор Доњецк, Дарио Срна, потврди дека овој клуб наскоро ќе им се врати на натпреварите, првпат од почетокот на руската инвазија на Украина.


Сè уште не се знае кога светот ќе се врати во нормално функционирање и кога Украина ќе се врати на нормалниот живот. Но, и покрај се, Шахтјор е подготвен повторно да го направи она за што постои – да игра фудбал. Иако тимот претрпе многу промени, главните делови на оваа машинерија сè уште се движат.

Еден од нив е и оперативецот Дарио Срна кој истакна дека Шахтјор со дозвола на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во април ќе одигра неколку натпревари низ Европа.

„УЕФА ни дозволи да организираме неколку пријателски натпревари низ Европа. Почнуваме со Турција. Играме со Бешикташ на 13 април, потоа на 19 април со Фенербахче, потоа со Хајдук Сплит и Пари Сен Жермен, а ќе играме и со Лацио“, изјави Дарио Срна, велејќи дека целиот приход ќе биде во хуманитарни цели за украинскиот народ кој претрпе огромни загуби во војната со Русија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови