Го донесе трофејот во Лига Европа и пласманот во Лигата на шампионите, но очајниот старт сезонава го чинеше отказ Хозе Луис Мендилибар. По серијата лоши резултати, раководството на клубот одлучи да се раздели со досегашниот тренер.
Андалузијците на својот стадион ремизираа со Рајо Валјекано (2-2) и тоа беше капката што ја прели чашата.
Претходно Севилја забележа само две победи, а само осум освоени бода и 14. место е премалку по девет одиграни натпревари.
Засега не се знае кој ќе го замени Мендилибар, но раководството на Севилја ја има претстојната репрезентативна пауза за да дојде до најдоброто решение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













