Connect with us

Севилја го доведе Маријано Дијаз

Шпанскиот прволигаш Севилја го финализираше трансферот на крилниот напаѓач Маријано Дијаз. Долгогодишниот играч на Реал Мадрид пристигнува на „Рамон Санчез Пижуан“ како слободен играч.


30-годишниот репрезентативец на Доминиканската Република се обврза на клубот за две сезони.
Дијаз помина шест сезони на „Сантијаго Бернабеу“ како дел од првиот тим, во кој беше сериозна резерва и забележа само 84 настапи.

Претходно денеска, Андалузијците претставија уште еден поранешен играч на „кралевите“, централниот бек Серхио Рамос, кој се врати во својот матичен клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови