Турските гиганти и понатаму продолжуваат да се засилуваат. Шампионот Галатасарај сака да го доведе легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос кој е слободен агент откако му заврши договорот со Пари Сен Жермен. Тој имаше понуди и од Саудиска Арабија и од САД, но најмногу сака да остане во Европа.
Со Галатасарај тој би играл најверојатно во Лигата на шампионите, откако турскиот клуб се пласира во плеј-офот од ова натпреварување и ќе се сретне против Брага.

Уште еден легендарен Шпанец, Давид де Хеа, би можел да пристигне во Турција. Тој е во завршни преговори со Фенербахче, да застане на голот на овој клуб. По 12 години Де Хеа замина од Манчестер Јунајтед, а сѐ уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата иако има неколку понуди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













