
Капитенот на Реал Мадрид и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос, ја продолжува кариерата во Пари Сен Жермен. Радио Монте Карло ексклузивно објави дека сè е договорено околу еден од најинтересните трансфери ова лето.
Серхио Рамос ги договорил деталите за двегодишниот договор со ПСЖ. Поточно, тоа го направи неговиот брат, кој е и агент на легендарниот дефанзивец. Рамос во наредните неколку дена ќе ги мине деталните лекарски прегледи во Париз и ќе стане играч на ПСЖ.
Договорот на Рамос со Реал заврши на 30 јуни, а клубот му понуди продолжување минатата година. Сепак, со оглед на возраста на Рамос (во март наполни 35 години) и кризата со короната, „кралевите“ му понудија продолжување на само една сезона и 10% намалување на платата.
Рамос заработуваше 12 милиони евра годишно, па не би го ни почувствувал намалувањето, но не сакаше да се согласи на намалување на платата. Покрај тоа, тој инсистираше на продолжување на соработката за две години. Перез во никој случај не сакаше да попушти и ова доведе до разделба. Сега Рамос ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
