Серхио Рамос би можел изненадувачки да потпише договор со Њукасл. Легендата на Реал Мадрид е слободен агент откако му истече договорот со Севилја и во моментов ги разгледува понудите.
Според информациите од Островот, Њукасл покажува сериозен интерес кон шпанскиот ветеран. „Чавките“ се подготвени да му понудат договор до крајот на сезоната, вреден 10 милиони евра.
Тимот на Еди Хау има проблеми во одбраната поради повредите на неколку клучни дефанзивци, па е во потрага по нови засилувања. Овие проблеми станаа очигледни и при синоќешниот пораз од 0-2 против Вест Хем на „Сент Џејмс Парк“.
38-годишниот Серхио Рамос минатата сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања за Севилја, но го напушти својот роден клуб ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













