Connect with us

Серхио Рамос ја напушта Севилја

Серхио Рамос станува слободен играч за две недели. Славниот шпански дефанзивец нема да го продолжи договорот со Севилја, во која се врати на почетокот од минатата сезона.


Рамос е еден од најдобрите одбранбени играчи на сите времиња. Минатата сезона беше стандарден во Севилја, одигра 37 натпревари, постигна седум голови и еднаш асистираше за 3301 минута игра.

Елитниот стопер кариерата ја започна во Севилја во 1996 година, а во 2005 година премина во Реал Мадрид. Таму играше до 2021 година, а потоа по истекот на договорот прејде во ПСЖ. За репрезентацијата на Шпанија одигра 180 натпревари и постигна 23 голови.

Во кариерата освои сè што можеше да се освои, а за Реал Мадрид во 671 натпревар постигна 101 гол и освои четири трофеи во Лигата на шампионите. Со Шпанија двапати беше европски и еднаш светски првак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови