
Капитенот Серхио Рамос нема веќе да го носи дресот на Реал Мадрид. Разделбата ова лето е сигурна.
Авантурата на Серхио Рамос во Реал Мадрид е при крај. По цели 16 години, шпанскиот централен дефанзивец одлучи да отвори ново поглавје во неговата кариера. „Кралевите“ му дадоа предлог за продолжување на соработката, но пристигна предоцна не го убеди да го промени планот.
Очигледно е дека Серхио Рамос ќе замине ова лето од „Сантијаго Бернабеу“, а засега има две реални опции. За него се интересираат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Рамос го напушта Реал Мадрид по вкупно 671 одигран натпревар. Тој е четвртиот играч со најмногу настапи во историјата на „кралевите“ зад Раул, Касилјас и зад лидерот Санчис. Тој освои четири титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
