Connect with us

Серхио Бускетс се сложи на помала плата во Барселона

Серхио Бускетс и Барселона постигнаа договор за намалување на платата на искусниот играч за врска, кој сега ќе заработува 25 проценти помалку, објави „Марка“.


Каталонскиот клуб се наоѓа во многу тешка ситуација поради огромни долгови, па во последно време челниците на клубот се обидуваат да ги намалат платите на играчите.

Пред Бускетс, платите ги намалија Жерар Пике и Жорди Алба, а се уште се преговара со Серхи Роберто.
Бускетс се откажа и од бонусите за успеси во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови