Македонија со триумфот над Летонија од 1-0 го обезбеди првото место во групата од Лига Ц, а дојде и на еден меч до можност за мундијалски бараж.
Никола Серафимов беше стрелец на единствениот гол за Македонија во 57.минута, кога најдобро се снајде по корнер и ја погоди мрежата на Летонците.
„Среќен сум за дебитанскиот погодок, но уште посреќен сум поради победата. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, но бевме трпеливи и ја дочекавме нашата шанса за водство. Победивме, тоа е најважно. Ја остваривме целта да бидеме први во групата и да обезбедиме место во Лига Б, а сега треба да се фокусираме на натпреварот со Фарски острови и да дојдеме до уште една победа за крај на овој циклус од Лигата на нации“, изјави Никола Серафимов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













