Германскиот голман Лорис Кариус замина од Ливерпул со потсмев, а потоа и во Бешикташ не помина подобро. Фановите му се потсмеваа за големите киксови кои ги правеше на дел од натпреварите, но тој во јуни треба да потпише за актуелниот европски и светски првак Баерн Минхен.
Оваа сензационална вест доаѓа од Германија. Тој сега е во Унион Берлин, а за сума од 2 милиони евра треба од идната сезона да биде резерва на Мануел Нојер на „Алијанц арена“. Сегашниот втор голман на Баерн Минхен, Александер Нубел, инсистира да замине на позајмица и да има поголема минутажа, а раководството на баварскиот клуб смета дека Кариус би бил добро решение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













