Босанскиот интернационалец Един Џеко ја напушта Рома до крајот на зимскиор преоден рок. По жестоката кавга со тренерот Пауло Фонсека, на досегашниот капитен му е одземена лентата, а порачано му е дека најдобро ќе биде да си замине од Рим.
Во комбинација се веднаш две фантастични зделки за Един Џеко. Тој во размена би можел кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид или пак во конкурентот од Серија А, тимот на Интер.
Медиумите на Апенините најавуваат дека веќе се отпочнати преговори со Реал Мадрид за размена во која Џеко би се преселил на „Сантијаго Бернабеу“, а од Мадрид би пристигнал Маријано Дијаз.
Втората опција е размена со Интер. Џеко да замине на „Џузепе Меаца“, а Кристијан Ериксен кој е на трансфер – листата на „нероаѕурите“, да пристигне во редовите на Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













