Европскиот првак Баерн Минхен не успеа да ја мине пречката во 1/16-финалето на Купот на Германија. Сензацијата се случи во Кил каде тимот на Ханси Флик загуби на пенали (6-5) од Холштајн Кил. Аутсајдерот израмни на 2-2 во 95.минута и се избори за продолженија, а потоа славеше по подобро изведување пенали. Во следната рунда ќе ги одмери силите со Дармштат.
Серж Гнабри во 14.минута донесе предност за Баерн Минхен, но домаќините израмнија до полувремето. Фин Бартелс се погрижи Холштајн Кил да нема негатива на одморот. На стартот на вториот дел, Лирој Сане донесе ново водство за Баерн Минхен, но Хојке Вал израмни на 2-2 во судиското продолжение од мечот.
Баерн Минхен не можеше да постигне гол во продолженијата, а потоа се изведуваа пенали. По петте серии сите десетмина пеналџии беа успешни, а потоа згреши Марк Рока, младиот фудбалер на Баерн. Холштајн Кил го реализира и шестиот пенал преку Фин Бартелс и се пласира во следната рунда правејќи вистинско чудо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













