
Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната ќе добие нов тренер, Ерик тен Хаг на клупата ќе го замени Ралф Рангник. Медиумите веќе шпекулираат каков тим ќе направи Холанѓанецот и дали ќе има место за Кристијано Роналдо кој без разлика на годините игра одличен фудбал на врвно ниво во Премиер – лигата.
Британскиот „Мирор“ открива ексклузивна информација дека Реал Мадрид е заинтересиран да го врати Роналдо на „Бернабеу“ ова лето.
Португалецот во периодот од 2009 до 2018 година остави неизбришлива трага и стана легенда на „кралскиот клуб“ каде на 438 настапи постигна неверојатни 450 голови. Шпанскиот клуб му плати 94 милиони евра на Јунајтед, што беше светски рекорд во тоа време.
Во неколку наврати освои се што можеше да се освои на клупски план, наводно Реал размислува за враќање на Роналдо во случај да не дојде Килијан Мбапе, кој се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по истекот на актуелниот договор со Пари Сен Жермен.
Навивачите сигурно не би имале ништо против, и покрај тоа што Роналдо следниот февруари ќе наполни 38 години. Португалецот оваа сезона за Манчестер Јунајтед постигна 23 гола, од кои 17 во Премиер – лигата, а статистиката би можел да ја подобри на следниот натпревар кога „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Брентфорд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
