Не игра веќе фудбал на врвно клупско ниво по заминувањето во американската МЛС лига, но Лионел Меси ќе ја добие „Златната топка“ за 2023 година, пренесуваат медиумите ширум светот повикувајќи се на стори на Инстаграм објавено од неговиот семеен пријател Алесандро Досети.
„Официјално е. Лео ја освои Златната топка во 2023 година. Осмата „Златна топка“ сигурно му е последна. Нему му беше кажано денес”, напиша Досети.
Доколку неговата објава се покаже како вистинита, Аргентинецот дополнително ќе го подобри својот рекорд пред Кристијано Роналдо, кој освои пет вакви награди.
🚨 BREAKING: Alessandro Dossetti (Messi’s family friend):
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) October 13, 2023
“Lionel Messi was told today that he is the winner of Ballon d’Or 2023.” 🌕🇦🇷 pic.twitter.com/HfvAvpwlVa
Меси ја заслужи наградата благодарение на освојувањето на првата титула светски шампион во декември минатата година во Катар, каде што ја освои и титулата најдобар играч со седум гола и три асистенции. За ПСЖ на 41 настап учествуваше во исто толку голови – лично постигна 21 и асистираше за уште 20. За Интер Мајами на 13 натпревари постигна 11 гола со пет асистенции.
Негов најголем конкурент за наградата е Ерлинг Халанд, кој беше „смртоносен“ во дресот на Манчестер Сити со 52 гола и девет асистенции на 53 натпревари, освојувајќи ги титулите најдобар стрелец во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите, но не учествуваше на Светското првенство во Катар, на кое Норвешка не се пласираше.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













