„Олд Фирм“, големото дерби на шкотскиот фудбал следи по репрезентативната пауза, а тренерот на Селтик, Нил Ленон, има огромни грижи. Коронавирусот го нападна неговиот тим и „зелените“ ќе бидат сериозно ослабени на дуелот против големиот ривал Глазгов Ренџерс.
Израелските репрезентативци Хатем Елхамед и Нир Битон се вратија во Шкотска и покажаа позитивни тестови на Covid-19, главноиот напаѓач Одсон Едуард исто така „закачил“ коронавирус на собирот на младата репрезентација на Франција до 21 година, а во изолација мора и Рајан Кристи, кој имал контакт со заболениот соиграч од шкотската репрезентација, Стјуарт Армстронг.
„Многу е тешко кога имате фудбалери кои патуваат низ светот. Тие се многу подложни да заболат од коронавирусот. Клубот правеше се за да ги заштити, но тие заминаа во репрезентациите и се вратија позитивни на Covid-19. Вака веќе не може, загубивме премногу фудбалери, дали има смисол и самото натпреварување“, вели тренерот на Селтик, Нил Ленон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













