
Македонскиот прволигаш Брегалница доведе квалитетно засилување во нападот. Договор со штипјани потпиша Ремзифаик Селмани. 26-годишниот напаѓач треба да ја подобри ефикасноста на тимот во вториот дел од сезоната во Првата лига.
Брегалница постигна 17 гола на 18 натпревари во првиот дел од шампионатот.
Селмани првите фудбалски чекори ги започна во Ренова, од каде по две сезони заминува во Унгарија, во Ујпешт. Во кариерата, има настапувано уште за Шкендија, Љапи (Косово), повторно две сезони во Ренова, Мезоковежд (Унгарија), Партизани (Албанија), а последен негов клуб е Гостивар.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement