
Тренерот на Шкендија, Ерхан Селими не го крие задоволството и по вториот едноподруго триумф на тимот, овој пат од 2-0 во тетовската пресметка против Ренова. Иако, потенцира Селими останува уште простор за надоградување на играта на тимот…
„На мечот против Ренова најважно ни беше да стигнеме до победата и успеавме во тоа. Задоволни сме што имаме 6 бода од претходните два дуели, притоа и со гол разлика од 5-0 што е навистина позитивен момент. Можеби натпреварот не беше на највисоко ниво, но императивот за победа носи притисок. Свесен сум дека има уште многу нешта за подобрување во играта, но правиме се да го вратиме тимот на добар пат“ – вели Селими, притоа дополнувајќи:
„Има две нешта кои ми се допаднаа од вчерашниот дуел. Прво навивањето и љубовта кон Шкендија, а втората е голот на Бесарт Ибраими. За нас Бесарт е важен играч кој по подолг период се враќа по повреда и мора да се врати постепено. Очекувам наредниот период и јавноста повторно да даде силна поддршка за Шкендија, затоа што со таа поддршка сигурно ќе сме и многу посилни“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
