Еквадор го победи Катар со 2-0 на отворањето на Светското првенство, во групата А. Двата гола за јужноамериканците ги постигна брилијантниот Енер Валенсија.
Катар беше целосно безопасен, а мечот го заврши без ниту еден удар кон голот на противникот. Избраниците на Феликс Санчез се мачеа да ја изнесат топката од своето поле.
„Еквадор е одлична репрезентација. Тие не надиграа во сите елементи од играта и целосно заслужија да победат. Сè уште треба да се подобриме. Немаме оправдувања. Го започнавме натпреварот многу лошо, а веројатно бевме малку под стрес и притисок од очекувањата“, изјави Санчез по натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













