
Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Каспер Хјулманд (52) поднесе оставка, објави Данската фудбалска федерација.
Хјулманд ја предводеше данската репрезентација до полуфиналето на Европското првенство во 2020 година и до осминафиналето на неодамнешното ЕП во Германија, додека на последното Светско првенство во 2022 година Данците испаднаа во групната фаза. На последните два големи турнири, СП 2022 и ЕП 2024, Данска одигра седум натпревари без победа и со само три постигнати гола.
„Тимот има потреба од нова енергија. Беше неверојатна чест и привилегија да бидам тренер на репрезентацијата четири години. Дадов сѐ од себе за да постигнеме успех и да ги собереме луѓето околу тимот. Претставувањето на својата земја е апсолутно најголемата работа што можам да ја замислам, но не се работи за мене. Се работи за тоа што е најдобро за тимот“, изјави Хјулманд.
Мортен Вијгорст ќе биде привремен национален селектор до 2025 година, соопшти Фудбалската федерација на Данска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
