Connect with us

Селекторот на Данска го критикува Борис Џонсон: Пуштете ги нашите навивачи на „Вембли“

Селекторот на Данска, Каспер Хјулманд, пред полуфиналната пресметка со Англија на „Вембли“ в среда, посочи дека се случува голема неправда со забраната за доаѓање на дански навивачи на овој меч.


„Се надевам дека Борис Џонсон ќе се разбуди и ќе им овозможи на илјадниците дански навивачи кои сакаат да дојдат на натпреварот“, изјави кормиларот на Данска.

Данска е дел од „црвената листа“ на британската влада за влез во земјата, што значи дека данските фанови мора да поминат десетдневен карантин во хотел ако пристигнат во земјата. Со ваквата одлука, фудбалската репрезентација на Данска ќе остане без поддршка од своите навивачи на полуфиналето в среда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови