Фудбалската репрезентација на Македонија напладне го имаше првиот собир во хотелот „Хилтон“, со што е означен старт на подготовките за квалификацискиот меч против Украина во Прага на 14.октомври. Три дена подоцна нашиот национален тим ќе игра и пријателски меч против Ерменија во Струмица.
Селекторот Благоја Милевски ги пречека фудбалерите, а атмосферата е одлична по добрите резултати во минатиот мини-циклус, кога одигравме 1-1 против Италија во Скопје и ја победивме Малта (0-2) во Ла Валета.
Сето ова носи дополнителни мотиви да се продолжи во ист стил и на дуелот против Украина, која ни се извлече на првиот меч во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













