Карим Бензема отпадна од Светското првенство поради повреда, но селекторот на Франција, Дидие Дешамп, доби уште една причина за загриженост два дена пред воведниот натпревар против Австралија. Ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, го прескокна неделниот тренинг поради проблем со адукторот.
Француските медиуми пишуваат дека Дешамп одработил лесен тренинг со играчите, а не сакал ништо да ризикува со Камавинга кој останал во соблекувалната.
Франција има огромни проблеми со повредите пред почетокот на Мундијалот. Бензема отпадна три дена пред првиот натпревар, а играчите од средниот ред Пол Погба и Н’Голо Канте отпаднаа уште пред да биде објавен списокот за Светското првенство. Исто така, Преснел Кимпембе и Кристофер Нкунку го напуштија собирот поради повреди, додека Рафаел Варан исто така е неизвесен за натпреварот против Австралија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













