Каде е онаа Македонија која ги победи Германците во Дуисбург, се прашуваат фановите. Чувството на гордост дека сме учесници на Европското превнство не не напушта ниту за миг, но сакаме и да оставиме некој поубав белег. По двата порази, од Австрија (3-1) и од Украина (2-1), има ли поубав мегдан од „Јохан Кројф арена“ и дуелот со големата Холандија.
На 21 јуни Македонија ќе го заокружи настапот на Европското првенство. И двата порази не треба да внесат немир и лоша атмосфера. Сега е време Македонија да се крене. Мотивите се огромни, понекогаш желбите се и поголеми од можностите. Но, кога духот е победнички тогаш и чудата се можни.
Се гине за химна. Момциве да се здрави и живи, ова е успех: 👊👇 https://t.co/e3fDXAQFJi
— Red (@Fingerprint83) June 18, 2021
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski