
По 18 години чекање, Вардар конечно го освои Купот на Македонија, триумфирајќи со 2-0 над Струга Трим Лум во финалето и симнувајќи го така долгото проклетство. Ова е огромен успех за „црвено-црните“, кои под водство на Гоце Седлоски го заокружија возбудливото враќање на врвот на македонскиот фудбал.
Седлоски беше полн со емоции по натпреварот.
„Сакам да им честитам на играчите на Вардар и на Струга. Сосема заслужено победивме. Она што го барав, беше исполнето. Знаете сами каде беше Вардар пред шест месеци – оваа екипа заслужува многу повеќе. Имам екипа полна со „фраери“. И можат уште повеќе, а јас, треба добро да размислам што понатаму“, изјави Седлоски.
Со овој трофеј, Вардар не само што се врати на победничките патеки, туку си обезбеди и место во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде ќе се приклучи на Работнички и Силекс како неносител во првото квалификациско коло. Ждрепката е закажана за 17 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
