
Македонскиот првак Шкупи не успеа да обезбеди пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Чаир беше на чекор до нова клупска историја, во плејофот доби и релативно лесен ривал, косовскиот тим Балкани кој речиси и да немаше никакво европско искуство, но на крајот доживеа два порази, (1-2) во Скопје и (1-0) во Приштина.
Тренерот Гоце Седлоски вели дека грешките во Скопје биле веројатно пресудни во двомечот, а Шкупи и реваншот го играше со фудбалер помалку откако Џелил Абдула доби црвен картон уште во втората минута.
„Честитки за Балкани за нивниот пласман во групите во Конференциската лига, им посакувам многу успех, а ние скапо ги плативме грешките кои противникот знаеше да ги искористи. На реваншот „загубивме“ во втората минута кога останавме со фудбалер помалку. Тешко се игра фудбал со десетмина, но ние игравме добро во поголем дел од мечот. Сепак, грешките од Скопје пресудија. Нам ни фалеше искуство за вакви мечеви, зашто некои играчи првпат играа вакви средби. Имавме долг европски пат и треба да сме со кренати глави без оглед на сѐ“, изјави Гоце Седлоски.
Шкупи по европскта елиминација ќе се насочи кон одбрана на шампионската титула во домашното првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
