
Шкупи оствари нова победа оваа пролет, на Чаир падна Тиквеш со 3-2, а зголемена е и предноста во однос на Шкендија на големи десет бода.
Тренерот Гоце Седлоски е среќен поради триумфот, но признава дека Тиквеш го намачи неговиот тим.
„Секако дека тоа беше тежок и предизвикувачки натпревар за нас, иако имавме постојано минимална предност. Создадовме многу можности во првото полувреме и им кажав на момците во соблекувалната дека мора да бидеме попрецизни пред противничкиот гол. Тоа и го направија постигнувајќи го следниот гол. Но, некако невнимателно беше од наша страна кога го примивме тој гол, не треба да дозволиме во иднина така лесно да примаме голови. Наша заслужена победа и среќен сум со освоените три бода, бидејќи овие победи ја прават разликата во првенството. Честитки до фудбалерите за трудот и за пожртвуваноста“, изјави Гоце Седлоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
