Македонскиот првак Шкупи утревечер на „Максимир“ ќе игра против Динамо Загреб во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тоа е повеќе од познат мегдан за тренерот Гоце Седлоски кој во минатото го носеше дресот на хрватскиот клуб.
Но, сега, како што вели, е на клупата на Шкупи и најави дека нема предавање на утрешниот голем дуел.
„Секако дека имам многу спомени со тимот на Динамо Загреб како поранешен фудбалер на оваа екипа, но сега сум на клупата на Шкупи и велам дека нема така лесно да се предадеме. Колку што можам да забележам, играат отворен фудбал, затоа мора да бидеме внимателни, ќе даваме максимум во текот на целиот натпревар за да постигнеме позитивен резултат“, изјави тренерот на македонскиот првак, Гоце Седлоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













