Connect with us

Седлоски: Моравме да искористиме дел од шансите

Шкупи ремизираше без голови против Македонија ЃП, а тренерот Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето што неговиот тим не успеа да реализира дел од шансите кои ги создаде против „лавовите“. Слабата ефикасност е причината што резултатот остана 0-0.


„Одигравме одлично прво полувреме, создадовме многу шанси за гол, но не реализиравме. Кога ќе се излезе сам пред противничкиот голман, треба да се погоди. Ќе беше полесно ако постигневме еден гол во првото полувреме. Македонија ЃП е квалитетен тим кој знае да искористи грешки на противникот. Во вториот дел, сакав да видам на дело и некои други фудбалери. Сепак, жалам што не успеавме да оствариме победа“, изјави Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи.


Шкупи во следното коло на домашен терен го пречекува Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови