
Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, утревечер во Швајцарија ќе го одигра реваншот против Лозана во рамките на второто квалификациско коло од Конференциската лига. Црвено-црните патуваат со минимална предност од 2-1, но се свесни дека ги очекува жестока битка на гости.
Тренерот Гоце Седлоски на прес-конференцијата најави борбен Вардар, кој нема намера да се повлече:
„Ова беше само прво полувреме од двомечот. Сè уште ништо не е решено. Одиме во Лозана да покажеме карактер, да се бориме и да дадеме максимум. Момците се подготвени, фокусирани и знаат што треба да направат“, истакна Седлоски.
Кога беше прашан дали капитенот Горан Закариќ ќе стартува, Седлоски остана резервиран:
„Закариќ е со тимот, како и во Скопје. Ќе процениме по денешниот тренинг. Имаме алтернативи и опции. Што се однесува до вештачката трева – нема алиби. Имаме таков терен во нашата база, трениравме на него и подготвени сме.“
Тренерот на Вардар нагласи дека респектираат силен противник, но верува дека Вардар има што да понуди и на гости:
„Лозана е сериозен ривал, но ние ќе играме храбро. Сакаме добар фудбал, фер натпревар – а кој е подобар, нека победи“, заврши Седлоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
