Македонскиот првак Шкупи го совлада Линколн Ред Импс со 3-0 на Националната арена „Тодор Проески“ и направи голем чекор напред кон пласманот во следното коло. Тренерот Гоце Седлоски е задоволен од триумфот и вели дека тимот со една нога е во следното коло, но ќе биде максимално внимателен и на реваншот во Гибралтар.
„Сакам да им честитам на играчите, затоа што исполнија на теренот се што побарав од нив. Иако игравме повеќе од половина час со играч помалку, одигравме добро и можевме да постигнеме уште некој гол. Со една нога сме во следното коло, но, сепак, не очекуваат уште 90 минути во Гибралтар. Верувам дека можеме уште подобро“, изјави Гоце Седлоски.
Реваншот на Гибралтар е закажан за следниот вторник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













