Македонскиот првак Шкупи утревечер (21 часот) на Арената „Тодор Проески“ го игра реваншот против Шамрок Роверс во Лигата на Европа. Тимот на Гоце Седлоски има два гола негатива од првиот меч во Ирска, но тој верува дека тоа не е ненадоместливо.
„Жалиме за тоа како ги примивме головите на првиот натпревар, но сега е ова нов меч и одиме од почеток. Ксј тимот постои максимална мотивација за да се оствари триумф и пласман во плејофот од Лигата на Европа. Ќе биде потребна и поддршка од публиката“, изјави Гоце Седлоски.

Капитенот Кристијан Наумовски верува дека подвиг е можен и покрај негативата од првиот дуел.
„Не заслуживме таков резултат на првиот меч со Шамрок. Во финишот и немавме среќа. Сега ќе играме дома и верувам дека ќе дојдеме до посакуваниот резултат ако бидеме вистинските на терен. Се надевам и на поддршка од нашите навивачи „Шверцери“, а ние ветуваме дека ќе го оставиме срцето на терен“, изјави Наумовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













