
Францускиот интернационалец Себастијан Але пристигна во Борусија Дортмунд за да го финализира трансферот од холандскиот шампион Ајакс. Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи и потоа да потпише договор со „милионерите“
Але ќе го заземе местото на Ерлинг Халанд кој се пресели во Манчестер Сити.
Борусија Дортмунд на Ајакс ќе му плати 31 милион евра, а клубот од Амстердам може да добие и дополнителни 4 милиони евра како бонуси.
28-годишниот Але, кој е роден во Франција, има договор до 2024 година во Ајакс, каде пристигна во 2021 година од Вест Хем. Тој постигна 21 гол во последната сезона од холандскиот шампионат, плус 11 во својата прва кампања во Лигата на шампионите, каде Ајакс стигна до осминафиналето.
Алер се враќа во Бундес – лигата каде играше за Ајнтрахт Франкфурт меѓу 2017 и 2019 година и има 33 гола на 77 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
