Connect with us

Се врати Крос и Германија е моќна да го земе и скалпот на Французите (ВИДЕО)

Домаќинот на ЕВРО 2024, селекцијата на Германија, ќе биде еден од фаворитите за трофејот, сега откако го има назад Тони Крос во средниот ред. Тој се врати во националниот тим по наговор на селекторот Џулијан Нагелсман и покажа дека ќе иде вистински лидер на „панцирите“. Германците ја победија Франција со 0-2 во Лион, а Тони Крос забележа асистенција по само пет секунди од стартот на мечот.

Крос го проигра Флоријан Вирц, а тој постигна прекрасен гол со удар од 30 метри.

На почетокот на второто полувреме, Каи Хаверц зголеми на 0-2 по одличната акција на Мусијала, за голем триумф на Германија.

Килијан Мбапе имаше неколку одлични шанси по соло пробиви, но сигурен на голот бепе Тер Штеген.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови