По тримесечна зимска пауза, се враќа фудбалот во Македонија, со натпреварите од 16. коло во Втората лига. Борбата за промоција во Првата лига и опстанокот во второлигашката конкуренција влегува во решавачка фаза, а секој бод ќе биде од огромно значење.
Македонија ЃП ја започнува пролетната полусезона со пет бода предност пред Брегалница, шест пред Башкими и девет пред Арсими. Доколку „лавовите“ го задржат темпото од есенскиот дел, нивното враќање во елитата ќе биде неизбежно.
Од друга страна, Брегалница, Башкими и Арсими ќе се борат за второто место кое носи директна промоција, но и за третата позиција која дава уште една шанса преку бараж.
Ќе биде интересно и во битката за опстанок.
Лидерот Македонија ЃП денеска му гостува на Охрид, а Брегалница, исто така како гостин, се среќава со Победа. Башкими го пречекува Борец, додека Арсими ќе гостува на Беласица во Струмица.
ВТОРА ЛИГА, двојки за 16. коло (14:00 часот)
👉 Вардар (Н) – Осогово
👉 Вардарски – Скопје
👉 Саса – Кожув
👉 Новаци – Детонит
👉 Победа – Брегалница
👉 Башкими – Борец
👉 Охрид – Македонија ЃП
👉 Беласица – Арсими
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













