Connect with us

Се трудеа Македонија ЃП и Брегалница, ама….ништо – ништо!

Македонија ЃП и Брегалница одиграа меч без голови на стадионот во Ѓорче Петров, во последниот меч од 15.коло во Првата фудбалска лига. Штипјани можеби имаа поизгледни шанси, но „лавовите“ прикажаа максимална борбеност. На крајот, изостана тоа што најмногу се вреднува – головите.

Оттаму и само по еден бод за екипите кои имаа поголеми амбиции пред почетокот на сезоната.

Милан Џокиќ во 24.минута не успеа да реализира убава можност, а потоа се обиде и Херера.

Македонија ЃП возврати преку Воша и Скендери, но мрежите останаа да мируваат до крајот.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови