Најдобриот светски фудбалер за 2022 година, Карим Бензема, нема да биде дел од Мундијалот во Катар. Тој ја обнови повредата на бутниот мускул и веќе се врати во Мадрид каде ќе се опоравува во наредните три седмици.
Maybe a world exclusive? | The moment Karim Benzema picks up thigh injury that has ruled him out of the World Cup #benzema #karimbenzema #worldcup pic.twitter.com/dbwWoXkzvi
— BeanymanSports (@BeanymanSports) November 19, 2022
На социјалните мрежи се појави снимка од тренингот на Франција, кога добитникот на „Златната топка“, Карим Бензема, заработи нова повреда поради која не е дел од тимот на „петлите“ за Светското првенство во Катар.
Напаѓачот на Реал Мадрид не играше ниту на СП 2018 во Русија, но тогаш причина беше скандал со неговиот соиграч во репрезентацијата Матие Валбуена.
Актуелниот светски првак Франција е во групата Д на турнирот во Катар заедно со Австралија, Данска и со Тунис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal