Пари Сен Жермен ќе го доведе Ерлинг Халанд следното лето во најскапиот трансфер во историјата, тврди реномираниот француски спортски весник „Л’Екип’. ПСЖ подготвил „пакет од 300 милиони евра“ за да го надомести заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Планиран е трансферот на Ерлинг Халанд по завршувањето на оваа сезона.
„Л’екип“ наведува дека во неверојатната сума од 300 милиони евра се вброени отштета за Борусија Дортмунд, која се очекува да биде меѓу 75 и 100 милиони евра, потоа провизии за агентот Мино Раиола и таткото на играчот Алф-Инге Халанд, како и годишната плата на норвешкиот голгетер која ќе изнесува 30 милиони евра.
Пред две години Халанд дојде во Борусија Дортмунд за обештетување од 20 милиони евра од Салцбург, каде на 75 натпревари постигна 76 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













