
Европската фудбалска унија (УЕФА) е уверена дека нејзините нови правила се во согласност со европското право, по денешната одлука на Европскиот суд на правдата, кој пресуди дека прописите со кои им се забранува на клубовите да основаат и да учествуваат во Суперлигата се незаконски.
„Оваа пресуда не значи одобрување на таканаречената Суперлига. Напротив, ја истакнува веќе постоечката празнина во регулативите на УЕФА, технички аспект кој веќе е препознаен и корeгиран во јуни 2022 година со новите текстови“, Се вели во соопштението на УЕФА.
Прописите на Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со кои се забранува влез на клубови во Суперлигата се незаконски, одлучи денеска Европскиот суд на правдата.
Случајот беше поднесен минатата година пред Европскиот суд на правдата, откако Суперлигата пропадна помалку од 48 часа по нејзиното лансирање во април 2021 година, по остри критики од навивачите, јавноста и бројни клубови.
Европската Суперлига е проект кој 12 клуба го започнаа во април 2021 година, но поради критиките од јавноста, девет клуба Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид веднаш го напуштија натпреварувањето, од оваа година Јувентус, а сега ја поддржуваат Реал Мадрид и Барселона.
А22, компанијата зад формирањето на новото натпреварување, потоа отиде на суд и ги обвини УЕФА и ФИФА за кршење на законот за натпреварување и злоупотреба на доминантната позиција.
Судот денеска пресуди дека правилата на УЕФА се во спротивност со европското право за конкуренција, бидејќи тие не се регулирани со „никакви критериуми што ќе обезбедат нивна транспарентност, објективност и недискриминација“.
Сепак, УЕФА верува дека во меѓувреме ја пополнила празнината, откако минатото лето усвои регулатива од 24 страници која предвидува систем за овластување за „меѓународните клупски натпреварувања“.
Европската куќа на фудбалот „останува решена да ја брани пирамидата на европскиот фудбал, заедно со националните федерации, лиги, клубови, навивачи, играчи, тренери, институции на ЕУ, влади и партнери“, се додава во соопштението.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
