Англискиот премиерлигаш Евертон покажа интерес да го доведе фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио, во своите редови. Францускиот репрезентативец не е задоволен од статусот во торинскиот гигант и изрази желба ова лето да го напушти редови.
Според англиските медиуми, менаџерот на Евертон, Френк Лампард, сака да го освежи средниот ред, па во замена за Рабио, тимот од „Гудисон Парк“ би го понудил Португалецот Андре Гомеш.
Доколку двете страни постигнат договор, Рабио ќе стане второто засилување на Евертон ова лето, по доаѓањето на Џејмс Тарковски од Барнли.
Рабио дојде во Јувентус во 2019 година од Пари Сен Жермен и досега има 94 настапи во дресот на „бјанконерите“ , а постигна пет гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













