
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги искажа своите очекувања за натпреварот со Украина во четвртфиналето на ЕВРО 2020. Има голем респект кон Андриј Шевченко.
„Украинската репрезентација е навистина добар тим. Бев импресиониран од тоа како Андриј Шевченко ја трансформира селекцијата. Есента имаа неколку несреќни резултати во Лигата на нациите. Но, тие се собраа заедно, покажаа добри резултати против Франција во квалификациите за СП и оваа недела против Шведска. Ако им дадете слободен простор, тие ќе го искористат затоа што имаат опасни напаѓачи. Една цел што си ја поставивме самите на себе, веќе ја остваривме, но ова не е максимумот за Англија. Ние сакаме да продолжиме понатаму“, изјави Саутгејт.
Натпреварот Англија – Украина се игра вечерва на „Олимпико“ во Рим со почеток во 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
