
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, е категоричен дека пред ЕВРО 2024 нема да разговара со клубови кои би сакале да го назначат за свој тренер. Во последниве недели сѐ почесто се шпекулира дека новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, го идентификувал Саутгејт како еден од фаворитите за наследник на Ерик тен Хаг доколку клубот одлучи да се раздели со Холанѓанецот на крајот од сезоната.
Сепак, Саутгејт, кој има договор со англиската ФА до декември, во моментов нема ништо на ум освен настапот на Англија на Европското првенство во Германија.
„Мојот фокус е Европското првенство. Да потпишевме нов договор пред ЕП 2024, сите ќе прашаа зошто е тоа направено пред турнирот, каде треба да се докажеме. Сигурно нема да преговарам со никој друг пред тоа. Никогаш не сум го направил тоа. Овде работам осум години. Не би сакал да преговарам со некој друг кога имам работа.
Пред сѐ, јас сум селектор на Англија. Мојата работа е да постигнувам резултати на Европското, но пред тоа имаме две важни контроли. Второ, Манчестер Јунајтед има менаџер. Секогаш е големо непочитување кога се шпекулира дека нов менаџер ќе го заземе местото“, изјави Саутгејт на својата прес-конференција пред дуелот со Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
