Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не беше задоволен од фактот што неговите избраници ја загубија концентрацијата и примија два гола на мечот против Иран, кој го добија со убедливи 6-2.
„Малку сум разочаран од финишот, но мораме да бидеме среќни поради фактот што победивме со таква разлика и така игравме добро во поголемиот дел од натпреварот. Првото полувреме беше тензично, со многу прекини, но нашиот пресинг и движење беа добри. Сепак, не треба да примиме два гола во вакви моменти од играта, треба да одиграме многу поконцентрирано против САД. Мора да бидеме подобри. Во текот на целиот натпревар имаше дополнителни 24 минути. Грешките беа последица на резултатот. Нашите напаѓачи беа закана за противникот во текот на целиот натпревар. Одличен беше и средниот ред“, изјави Саутгејт по првиот натпревар на Англија на Светското првенство во 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













